СЕАТ ЛЕОН СПОРТ ЛИМИТЕД

ЗА ПРЕБИРЛИВИТЕ СПОРТИСТИ

Сеат овој месец ќе претстави нова верзија на Леон, наречена Спортс Лимитед. Ова возило ќе биде достапно со ТДи агрегат од 90 коњски сили и ќе биде најспортската варијанта со овој мотор. Покрај споменатите карактеристики, оваа верзија ќе содржи комплетна опрема и ексклузивни екстерни елементи.
Новиот СЕАТ Леон "Спортс Лимитед" е опремен со стандарден браник и лајсни во боја на каросеријата, магленки, ексклузивни 15-инчни алуминиумски бандаши, спортски седишта, управувач и палка на менувачот обложени со кожа, клима уред и АБС.
Стандардната опрема на оваа атрактивна верзија вклучува и воздушни перничиња за возачот и совозачот, странични воздушни перничиња, електрика на предни стакла, антенна со систем против кражба и централна брава со далечински управувач.
Потентниот турбо-дизел агрегат од 90 коњски сили му овозможува на Сеат Леон "Спортс Лимитед" да постигне максимална брзина од 180 км/ч, а забрзувањето од мирување до 100 км/ч изнесува 12.7 секунди. Еден километер од мирување минува за 34.4 секунди. И покрај одличните перформанси, потрошувачката изнесува само 4.2 литри на 100 километри.
Оваа верзија ќе биде достапна во црвена, сина, сива и црна боја.