ТОЈОТА КОРОЛА 1.6 VVT-i
КАРАТЕ КИД

    Насловот може да збуни, доколку очекувате класична обработка на новото чедо на Тојота. Но, внимавајте добро: како поинаку да се протолкува "упадот" на деветтата генерација на Корола на европскиот пазар со подготвени пет верзии на овој автомобил? Во ист момент се пласираат хечбек варијантите со три и пет врати, лимузинската седан верзијата, моделот Версо наменет за оние кои го ценат просторот на MPV возилата, како и караванска изведба. Ќе се согласите, со таков арсенал на вештини за сите вкусови, Тојота им објавува војна на сите што помислија дека можат да го потемнат успехот на најпродаваното светско возило со 29 милиони примероци.

>>Продолжува>>

   
МЕРЦЕДЕС Е КЛАСА
     Пролетта е време на хормоните. Секој што ја чувал својата страст преку зимата, со нетрпение го чека моментот кога ќе може соништата да ги сподели со сродна душа.      Пеперутките во стомакот чекаат да излезат за да бидат ловени. Мерцедес ја шокираше јавноста со промоцијата на новата Е класа на салонот во Брисел, еден месец пред салонот во Женева кога сите конкуренти истрчуваат во најсилен состав.
     Корените на Е класата ги има уште во педесеттите години на минатиот век кога е лансиран моделот W 120, а потоа во шеесеттите и W 110 и W 114...
>>Продолжува>>
 
СЕАТ ЛЕОН СПОРТ ЛИМИТЕД
     Сеат овој месец ќе претстави нова верзија на Леон, наречена Спортс Лимитед. Ова возило ќе биде достапно со ТДи агрегат од 90 коњски сили и ќе биде најспортската варијанта со овој мотор. Покрај споменатите карактеристики, оваа верзија ќе содржи комплетна опрема и ексклузивни екстерни елементи.
Новиот СЕАТ Леон "Спортс Лимитед" е опремен со стандарден браник и лајсни во боја на каросеријата, магленки, ексклузивни 15-инчни алуминиумски бандаши, спортски седишта, ...
>>Продолжува>>

ОПЕЛ ВЕКТРА
Штитејќи го имиџот на беспрекорен производител, Опел во Женева ја промовираше третата генерација на Вектра. И на слика, и во живо, првиот впечаток е големината. Трендот на пораст во димензиите на автомобилите, покрај технолошката созреаност, е една од главните карактеристики на надоаѓачките новитети. Вектра не остава простор за сомнеж, бидејќи нуди се во еден момент, покажувајќи се во топ форма и полна зрелост што почнува да се граничи со класика.
     Како и на сите други производители, целта на Опел е да го постави својот модел на врвот од сегментот во кој припаѓа. Наспроти продажните хитови како Форд Мондео или Рено Лагуна, Вектра како свои адути ги поставува зголемениот употреблив простор (десет сантиметри во должина, девет во ширина), препознатливиот дизајн ...
>>Продолжува>>

 

СМАРТ ГО ВОДИ КОЛОТО
     Според истражувањето на француската агенција за околина Адеме, во категоријата на мотор со внатрешно согорување автомобилите од марката Смарт и Лупо, во категоријата на возила со мотори на внатрешно согорување, најмалку ја загадуваат околината, од сите автомобили што во моментов се на пазарот.
Со ова истражување биле опфатени 3.643 модели на автомобили, кои во текот на 2001 година се нашле на пазарот. Испитувањето се однесувало на потрошувачката на гориво и издувните гасови.
>>Продолжува>>

 
 
 
 


СЕАТ СЕ ВРАЌА НА КРУЖНИТЕ ТРКИ

      На пистата Харама во близина на Мадрид, Сеат Спорт го претстави првиот модел на Сеат Леон Суперкопа (Суперкуп). Новиот модел на Леон дебитираше на тркате со патнички возила што се одржа на 27 и 28 април на патеката каталуња крај Барселона.
>>Продолжува>>

 
© avtomobili.com.mk 2002