СМАРТ ГО ВОДИ КОЛОТО

     Според истражувањето на француската агенција за околина Адеме, во категоријата на мотор со внатрешно согорување автомобилите од марката Смарт и Лупо, во категоријата на возила со мотори на внатрешно согорување, најмалку ја загадуваат околината, од сите автомобили што во моментов се на пазарот.
Со ова истражување биле опфатени 3.643 модели на автомобили, кои во текот на 2001 година се нашле на пазарот. Испитувањето се однесувало на потрошувачката на гориво и издувните гасови. Смарт победил во категоријата на возила со погон на бензил и плин. Во градско возење троши шест литри на 100 километри, а произведува 118 грама јаглерод диоксид на километар. По него, според резултатите, е Тојота Приус - хибриден автомобил - делумно на бензин, а делумно на електричен погон.
     Најдобри места на оваа листа заземале малите модели, како на пример Твинго и Клио на Рено, Свифт на Сузуки, Корса од Опел, Пунто на Фиат, Јарис од Тојота како и Ароса на Сеат. Во категоријата дизел мотори води Лупо на Фолскваген, кому му се доволни три литри дизел на 100 километри, а произведува 81 грама јаглерод диоксид на километар.