|
Сеат
се враќа на кружните трки
На
пистата Харама во близина на Мадрид, Сеат Спорт го претстави првиот
модел на Сеат Леон Суперкопа (Суперкуп). Новиот модел на Леон дебитираше
на тркате со патнички возила што се одржа на 27 и 28 април на патеката
каталуња крај Барселона.
По првата промотивна трка на патеката Монтмело, Сеат Леон Суперкопа
ќе се натпреварува на 6 трки, коишто ќе се бодуваат за Шпанскиот
Гран Турисмо шампионат.
Користејќи ја основата на постојниот
Сеат Леон Купра Р, инженерите на Сеат Спорт успеаја да направат
тркачка верзија на ова моќно возило. Новиот Леон е опремен со спектакуларни
алуминиумски наплатки, заден спојлер и предни крила, што му даваат
изглед на вистинска тркачки атлет. Меѓутоа, вистинскиот спортист
се крие под хаубата. Агрегатот што го придвижува овој Леон е познатиот
мотор 1.8 20ВТ, наштелуван на цели 250 коњски сили! Тежината е намалена
на 1030 килограми, со што се добива извонреден однос тежина/перформанси.
Првите тестирања на овој модел почнаа во јануари на патеката во
Тарагона, а до сега се поминати 4.000 километри или повеќе од 1000
кругови.
Според зборовите на Јаиме Пуиг, техничкиот директор на Сеат Спорт
и претседател на Комитетот за организирање на Суперкопа трки, ова
е првата трка на Сеат Спорт во рамките на новата стратегија на брендот
во областа на трките, а целта е следната сезона овие трки да се
возат и во неколку други земји.
Инаку, Сеат редовно настапува со своја екипа во рели шампионатот.
Награда
за најдобар дизајн за Сеат Танго
Сеат
Танго е добитник на овогодинешната награда "Аутонис" за
најдобар дизајн во својата категорија на возила. Наградата традиционално
ја доделува специјализираното германско списание "Auto Strassenverkehr".
Во гласањето на ова реномирано списание учествувале повеќе од 34.000
читатели, кои ги оценувале дизајнот и севкупниот изглед на автомобилите.
Сеат Танго доби позитивни оценки од 32.6% од учесниците во гласањето,
со што стана победник во категоријата на концепт возила.
Сеат Танго е целосно развиен и дизајниран во Техничкиот центар на
Сеат во Марторел, а претставува уметничка интерпретација на класичните
спортски кабриолети од 50-тите и 60-тите години, меѓутоа од гледна
точка на новиот милениум. Сокриен зад концептот на вистински спајдер,
Танго нуди низа иновативни решенија. Кабината и каросеријата формираат
една компактна целина со мускулести линии, а самиот автомобил зрачи
со моќност.
Наградите "Аутонис" се единствените што се доделуваат
во Германија од областа на автомобилистичкиот дизајн. Сеат Ароса
минатата година ја освои првата награда за дизајн во својата категорија.
|
|
|