НОВ ЦЕНТАР НА АУТОМОБИЛЕ СК

Со цел да ја прошири понудата на услуги кон потрошувачите, Аутомобиле СК  ексклузивниот увозник за Фиат, Ланча и Алфа Ромео, неодамно го отвори новиот центар, изграден во соработка со италијанскиот производител Фиат Ауто од Торино. Со тоа е доближена основната цел, комплетна услуга на задоволство на купувачот во продажбата и пост продажбата.

Во склоп на центарот, на површина од 1400 м2,  се наоѓаат двата ексклузивни продажни  салони за Фиат и Алфа Ромео со импресивно излагање на модели од целата гама, магацинот за оригинални резервни делови како и сервисот за поправка на возила од програмата на Групацијата Фиат, опремен со најсовремена апаратура и обучен персонал. Согласно со новитетите, во ноември се очекува да пристигне новиот и револуционерен модел во средната компакт класа – Фиат Стило.

Освен богатата понуда на возила, во центарот на “Атуомобиле СК” во полна форма е и магацинот за оригинални резервни делови каде што може да се набават сите потребни нешта за автомобилот. До него се наоѓа сервисот за поправка на возила - опремен со најсовремени дијагностички апарати во кој е вработен стручно подготвен персонал.

“Аутомобиле СК” ја следи тенденцијата на принципалот Фиат Ауто – добро обучен професионален персонал кој ќе понуди квалитетна и брза услуга, како за постоечките, така и за сите модели од групацијата Фиат Ауто кои во иднина ќе се најдат во продажните салони на “Аутомобиле СК”, и секако на патиштата низ нашава земја.